Зошто да се замине заедно, зошто да се запознае друго место? Волшебни зборови: другарство,запознавање, дружење, … Радост да се замине заедно, на друго место, да се прекине секојдневната рутина на училиштето, да се откријат нови хоризонти, да се помине време со другарите и другарките од одделението. Наставата во природа е една од алатките на отворено училиште што денешново време ни ги наметнува.За таа цел оваа недела ученици од 6 до 9 одделение, Ученичкиот парламент, предметните наставници и одделенските раководител имаа, еден друг начин на реализација на наставните активности.Истражува, развиваа критичко и логично размислување,запознаваа нови хоризонти,ги изучуваа органите на човечкото тело,убавината на природата ја преточија на лист хартија каде нотите ја компонираа музиката на детската смеа. Неминовни беа бројките,за да на крај дружбата заврши со познатата,, Во здраво тело, здрав дух,,