3 Декември се одбележува како Меѓународен ден на лицата со посебни потреби.
Образованието ја има клучната улога во градење капацитети за толеранција, прифаќање на различностите, чувство за почит меѓу младите и оформување во зрели и општествено одговорни личности. Нашето училиште континуирано работи во насока на развивање и промовирање инклузивност, зголемување на свеста за децата со посебни потреби и да им се пренесат на нашите ученици здрави вредности за прифаќање и почитување на различностите. Истовремено се работи на подобрување на условите за учење и престој на учениците со посебни потреби во нашето училиште.