На денешен ден во 1874 година, во Постол, Егејска Македонија, е роден КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ.
Петтата статија од неговата книга ,,За македонцките работи” претставува прв научно аргументиран, солидно поставен и разработен проект за кодификацијата на македонскиот јазик.
Мисирков се определил за еден брз, нетрадиционален модел за решавање на македонското јазично прашање и ги оформил своите ставови за македонскиот литературен јазик, базирани на три аспекти:
1. За основа на литературниот јазик ги зел централните говори (на линијата Велес – Прилеп – Битола – Охрид).
2. Го поставил правописот врз фонетска основа, со мали отстапки пред етимологијата.
3. Во лексиката вклучил елементи од сите македонски говори.
Со определбата за централните македонски говори, Мисирков инсистирал на оние јазични карактеристики со кои македонскиот јазик најмногу се разликува од соседните словенски јазици.