Со љубов книга подари, библиотеката ќе ти се заблагодари“ е мотото под кое нашето училиште „Страшо Пинџур“ го одбележа Месецот на книгата.Имено, учениците од 7а одд. под менторство на наставничката Павлинка Костадинова несебично придонесоа за збогатување на библиотечниот фонд со подарување на актуелни лектирни изданија со кои учениците ќе се дружат наредните години и ќе ја зацврстуваат нераскинливата врска со најдобриот пријател на човекот-книгата.