Денес во нашето училиште беше конституиран Ученичкиот парламент, како облик на ученичко здружување и организирање, преку кој се промовира ученичкиот активизам низ различни форми на дејствување.
Беа избрани раководството, комисии и тела , кои ќе бидат насочени кон заштита и застапување на правата и интересите на учениците.За претседател на парламентот е избрана нашата ученичка Михаела Давчева од 9а одд. а заменик правобранител ученичката Ивана Ристова од 9а одд. Директорката на училиштето Илинка Бакева како и сите вработени во ООУ,, Страшо Пинџур,, Кавадарци им го честита изборот и им посакуваат успех во работата.
