Големиот македонски празник Илинден претставува симбол за македонската непокор, желба и одлучност на многу генерации во минатото за денес ние да живееме во слободна и независна држава . На овој ден сите Македонци ги чествуваме славните и храбрите илинденци кои го жртвувале својот живот за татковината како и мудрите и пожртвувани припадници на Народнослободителната војска кои се нераскинлив дел од модерна Македонија.Сакајќи и почитувајќи ја сопствената татковина правиме сигурна и безбедна иднина за нас и за нашите идни поколенија. На сите граѓани им посакуваме овој голем ден да го поминат во среќа, радост, љубов и исполнетост со гордост.Нека е честит и вековит празникот.