Денешниот ден е уште еден од позначајните датуми од историја на нашиот град. ООУ „Страшо Пинџур“ и оваа година го одбележува Денот на својот патрон,Страшо Пинџур.
Во услови кои ги диктира новата реалност, со почитување на препораките и протоколите за заштита од Ковид-19, Патронот на училиштето годинава беше пригодно одбележан со положување свежо цвеќе пред бистата на Страшо Пинџур во ,,Паркот на револуцијата,,.
„ООУ „Страшо Пинџур“ е училиште во нашиот град, кое се карактеризира со посебен дух, училиште кое во континуитет е насочено кон подобрување на квалитетот на целокупното работење. Препознатливо по квалитетот на работа и образовни услуги кои ги нудиме на нашите ученици, по стручниот кадар кој го имаме и којшто постојано се усовршува, по стилот на менаџирање и водење на училиштето. Како резултат на ова освоивме многу награди, признанија и високи постигања на училиштето, наставниците и учениците во различни области“, истакна во својот поздравен говор директорката на училиштето „Страшо Пинџир“, Илинка Бакева.
Букет свежо цвеќе положија, Претседателот на Советот на Општина Кавадарци, претставници од Советот на Општина Кавадарци,пратеничката Даниела Колева.
Во чест на патронот денеска се поклонуваме пред неговата биста во истоименото основно училиште во нашиот град и оддаваме почит на неговото грандиозно дело со неговата макотрпна работа.
Претставници од училиштето положија букет свежо цвеќе пред бистата на Страшо Пинџур која се наоѓа во,,Паркот на револуцијата,,.Вредните ученици на свој креативен начин ја изразија својата почит кон патронот Страшо Пинџур со пригодни литературни и ликовни творби, кои може да ги проследите во продолжение.
Нашето училиште е училиште во кое секогаш чекориме напред со нови успеси кон посветла иднина наградувајќи го духот и разумот, создавајќи нови генерации сведоци на нивните претци Нека ни е честит патрониот празник!