Низата активности во нашето училиште продолжуваат и понатаму. Изминатиов период со нова инвестиција се здоби Основното општинско училиште „Страшо Пинџур“Кавадарци кое се опремени со комплетно нов училишен мебел.Со оваа набавка значително се подобруваат условите за одвивање на воспитно- образовниот процес во училиштето. Набавката на новиот училишен мебел продолжува во континуитет со модернизацијата која ги следи потребите на учениците, трудејќи се во рамките на своите законски можности секогаш да се грижи за учениците кои воедно се иднина на секое општество.Комплетно се опремени сите училници со што училиштето доби еден нов изглед каде учениците ќе се чувствуваат пријатно.Инвестициите и понатаму ќе продолжат во делот на подобрување на условите за престој и работа во училиштето.