Протокол за доделување свидетелства на деветите одделенија.
* Се задолжуваат учениците од IX то одделение да носат заштитна маска на лицето и ракавици и свое пенкало за потпишување во дневник и главна книга.
* Лице од агенцијата за обезбедување на училиштето и стручен соработник ги кординира за влегување во училиштето и излегување од училиштето и ги разбива групите доколку има групирање.
* Секој ученик да изврши дезинфекција на рацете и да се упати до комисијата да ги врати книгите,а потоа кај класниот да го земе свидетелството.
* По земање на свидетелство врши дезинфекција си заминува дома без задржување во училиштето и училишниот двор.
* Секој ученик влегува 1 по 1 со растојание на 2 м.
Местото каде се врши доделувањето на свидетелствата се дезинфицира веднаш по секој ученик од страна на лице кое е задолжено, а во просторијата се наоѓаат само класниот и ученикoт.
Директор,
Илинка Бакева