Учениците од I до III одделение во ПОУ ,,Страшо Пинџур” с.Возарци, во соработка со одделенските наставници и наставничката од продолжен престој, реализираа креативна и едукативна активност посветена на здравата храна.
Преку боење и лепење на различни видови храна, преку игра, дружење и креативност, учеа дека правилниот избор на храна е важен за нивниот раст, развој и здравје.





