Детската недела ја започнавме со насмевки, убави мисли и искрени пораки! 
Под мотото „Детството е најубавата приказна – да им помогнеме на децата да ја напишат со насмевка“, учениците од ПОУ „Страшо Пинџур“ – с. Дреново ја започнаа Детската недела со одбележување на Светскиот ден на учителот. По тој повод, учениците изработија хамер со пораки посветени на своите наставници преку кои тие изразија благодарност, почит и љубов кон оние кои секојдневно ги водат низ светот на знаењето, ги охрабруваат и им помагаат да растат во добри и успешни личности. 






