Први септември – ден на нови почетоци, нови знаења и нови соништа!
Со посебна радост го одбележавме почетокот на новата учебна година. Ден исполнет со насмевки, возбуда и убави средби, а особено значаен за нашите најмали ученици.
По тој повод во ПОУ ,, Страшо Пинџур” с. Возарци беше приредена свечена приредба за првачињата, со која им посакавме топло добредојде во нашето училиште и им го разубавивме нивниот прв училишен ден.
Нека нивниот прв чекор во училишниот свет биде почеток на едно прекрасно патување исполнето со знаење, другарство и незаборавни спомени 📚