Свечен прием на нашите најмили – добредојде за новата генерација првачиња!
Првиот училиштен ден е почеток на едно прекрасно патување исполнето со нови знаења, први другарства и безброј насмевки. Нашите наставници со раширени раце ги очекуваат малите херои кои за првпат ќе зачекорат во светот на буквите и бројките.
Со свечена приредба подготвена од нивните постари другарчиња и со зборови на поддршка од Директорот и наставниците, им посакавме топло добредојде во училишното семејство.
Насмеани лица, разиграни срца и ранци полни со нови надежи – вака помина Свечениот прием на првачињата во ООУ ,,Страшо Пинџур” Кавадарци.
Драги првачиња, ви посакуваме среќен и успешен почеток! Нека секој ден во училиште ви биде исполнет со љубопитност, радост, успеси и незаборавни моменти!















