На 51 Државна изложба на детски ликовни творби на тема „Народната култура како трајна инспирација во моето творештво“, одржана во Битола, учениците Борис Спанџов од IX одделение и Радица Дисанска од VI оделение освоија прво место.
На изложбата беа претставени и ликовните творби на други наши ученици од VI и IX одделение, кои со својата креативност и талент достојно го претставија нашето училиште.
Овој успех е резултат на посветеноста, трудот и талентот на учениците, како и на несебичната поддршка и менторство од наставничкат Ива Јосифова Даневски.