Учениците од VIII одделение реализираа едукативна посета на Собрание на Република Македонија, каде имаа можност одблиску да се запознаат со работата на законодавниот дом, значењето на демократијата и улогата на институциите во нашето општество.
Во рамки на посетата, учениците ја посетија и Црква Свети Спас, едно од најзначајните културно-историски и духовни богатства на Македонија, каде се запознаа со нејзината историја, архитектура и значење.
Оваа посета претставуваше прекрасно искуство исполнето со нови знаења, дружење и љубов кон татковината, културата и традицијата. 



















