Со големо задоволство учениците од ООУ „Страшо Пинџур“ – Кавадарци беа дел од „Отворен ден“ во СОУ Гимназија „Добри Даскалов“.
Преку интересни презентации, дружење и запознавање со наставните програми, учениците имаа можност одблиску да ја почувствуваат атмосферата во гимназијата и да се информираат за можностите што ги нуди училиштето.
Им благодариме на домаќините за топлиот пречек, убавата организација и инспиративната средба. На нашите ученици им посакуваме успешен избор и многу нови успеси во понатамошното образование! 📚✨