Во склоп на проектот „Генералка викенд“ учениците од VII одделение, од подрачните училишта во с. Дреново и с. Возарци, ја реализираа својата активност што беше планирана во рамки на општествено-хуманитарната работа. Преку оваа активност тие рециклираа хартија, пластика, текстил, стакло и електрични уреди.
Активноста беше реализирана во соработка со Општина Кавадарци, односно со советникот за заштита на животната средина, под менторство на наставничката Бојана Костова.