Групата „Хумани херои“ од Црвен крст Кавадарци во склоп на ПХВ програмата во периодот од 22.04 до 29.04.2026 успешно го реализираше хуманитарниот ликовен конкурс во нашето училиште на тема „Биди херој во нашите срца“, со доделени награди на учениците со освоено 1, 2, 3 место и пофалници.
Настанот ги надмина сите очекувања — делата беа вешто изработени, а креативноста на учесниците уште еднаш ја потврди нашата мисија за хуманост.
Сите собрани донации се наменети за фамилија со потреба на помош и истите ќе бидат предадени во најскоро време за да се обезбеди потребната поддршка за семејството.❤️