Во организација на Федерацијата на училишен спорт и Министерството за спорт, денеска во Кавадарци се одржаа плазма игрите во Футсал за машки, каде што учество земаа сите општински училишта од Кавадарци.
Првото место го освои ООУ „Страшо Пинџур“, под менторство на наставникот Кире Василев.