Тридневна посета на изложбата „Димитар Кондовски и македонските бајки“ во галеријата при Дом на култура „Иван Мазов – Климе“ во Кавадарци беа учениците од VI до IX одделение при ООУ „Страшо Пинџур“ Кавадарци, под менторство на наставниците Ива Јосифова Даневски и Сашко Василевски.
За изложбата и значењето на уметноста на Димитар Кондовски, на учениците им се обрати Марина Убавкова, стручен соработник за визуелни дејности при Домот на културата Кавадарци.
Искрена благодарност за топлиот прием и можноста учениците одблиску да се запознаат со богатството на македонската уметност.
