На 22 Април се одбележува Денот на планетата Земја, ден кога луѓето се потсетуваат дека грижата кон неа е основна задача за нашето постоење. Таа има се повеќе лузни: водата што ја мие Земјата е загадена, сончевите зраци се се поопасни, воздухот веќе не е чист…
Денеска, а и секој ден им укажуваме на нашите ученици дека е неопходно да се грижиме за природата околу нас и да се однесуваме кон неа како кон наша мајка, со љубов, почит и внимание