Во посета на училиштето во с. Дреново ни дојдоа учениците од второ одделение од централното училиште.
При посетата учениците имаа можност да прошетат низ селото и да се запознаат со неговите убавини, со работата на селаните, одгледување и производство на зеленчук и начин на одгледување на домашни животни со посета на фарми.
Имаа можност да ја видат една од трите најстари цркви во Тиквешијата, којашто датира од 14 век, и селска куќа стара повеќе од 200 год. Овие разгледувања беа збогатени со исцрпното раскажувањето за историските податоци на објектите од страна на наставникот по историја Сашко Василев.
По прошетката, во училишниот двор, се одржа работилница во духот на големиот христијански празник Велигден.