Убав и сончев ден ☀️
📌 Во рамки на Велигденската програма се одржа Велигденски базар, на кој активно учество зедоа учениците од 6. и 9. одделение од ООУ „Страшо Пинџур“.
Со голема посветеност и креативност, тие ги претставија своите рачно изработени творби, покажувајќи дека младите знаат да бидат и хумани и креативни. Средствата собрани од продажбата се наменети за хуманитарни цели.
Настанот беше збогатен со музички настап, што придонесе за прекрасна атмосфера и голема посетеност.
👏 Им благодариме на нашите ученици, наставници и на сите граѓани кои со своето присуство и поддршка придонесоа за успешна реализација на овој хуман настан.