Здружение за заштитата и унапредување на животната средина ГРИНТИМ Кавадарци одржи едукација на тема: ОДГОВОРНО СО ОБЛЕКАТА како дел од проектот “Граѓанското општество и младите за инклузивен и одржлив развој преку циркуларна економија во Северна Македонија” кој е финансиран од Европската Унија. Цел на оваа едукацијата е да се подигне и развие еколошка свест и одговорното однесување кај учениците на возраст од 10 до12 години и да се запознаат со поимот текстилен отпад како и негово влијанија врз животната средина.









