Во просториите на ПОУ „Страшо Пинџур“, с. Дреново, учениците и вработените го одбележаа патрониот празник. На учениците им беа доделени награди од литературниот и ликовниот конкурс кои се одржаа во нашето училиште. Беше прогласен првенец на генерацијата на кому му се врачи награда, а исто така имавме и ученик со континуиран успех за што доби пофалница. Приредбата беше исполнета со песни и читање поезија, а учениците ја исполнија просторијата со насмевки, радост и задоволство.
Нека е честит патрониот празник!















