Согласно Правилникот за избор на ученик на генерацијата, како и избор на највисоко рангирани пофалени ученици, и оваа учебна година учениците од деветтите одделенија имаа можност да конкурираат, а Комисијата по разгледаните документи го утврди следното:
Ученичката Славица Дафков од IX а одделение е избрана за ученик на генерацијата во централното училиште, во учебната 2025/2026 година. Во подрачното училиште во с.Дреново, за ученик на генерацијата е избран Ангел Бошeв, додека пак во подрачното училиште во с.Возарци е избрана ученичката Ива Николова за ученик на генерација во учебната 2025/2026 година.
Додека пак, пофалени ученици со континуиран одличен успех и високи постигнувања на натпревари се: Орхидеја Ташева од IX б одделение, Бисера Ѓорѓиева од IX а одделение, Борис Спанџов од IX б одделение, Невенка Трајкова од IX б одделение, Мелани Костадинова од IX а одделение, Маргита Гурева од IX а одделение и Елена Живковска од IX а одделение во централното училиште. Во подрачното училиште во с.Дреново, за пофален ученик е избрана Зорица Димкова, додека пак во подрачното училиште во с.Возарци беше избран ученикот Стојанче Стојановски.
Им честитаме на сите ученици за нивните постигнувања и успеси и им посакуваме уште многу успеси и во иднина!