ДИСЕМИНАЦИИСКИ СЕСИИ!
Во согласност со Годишниот план за дисеминациски сесии на Општинската Организација на Црвен Крст Кавадарци,
на ден 26.01.2026 понеделник во просториите на нашето училиште се реализираа дисеминациски сесии и ги опфатија учениците од 5то до 9то одделение.
На сесиите се дискутираше за историјата на Црвениот Крст, неговата мисија и визија, делото и активностите по дејности, животот на Андри Динан како фундаментален поим за Движењето на Црвениот крст…
Сесиите беа реализирано од страна на Дисеминаторот Ристе Трајков во координација со волонтерите од клубот на млади.

















