Во нашето училиште за учениците во одделенска настава, во соработка со ЦКРСМ ООЦК Кавадарци во период од 27-31 октомври се започна со реализација на Врсничките едукации во младинската програма Зелен волонтеризам. Врсничките едукации ги оддржуваа волонтери воедно и обучени еко-едукатори: Ристе Трајков и Наталија Ѓорѓиева заедно со поддржка од клубот на млади во Црвен Крст Кавадарци.