Во ПОУ „Страшо Пинџур“- с. Возарци, наставниците во соработка со учениците, со радост ја одбележаа Детската недела – недела посветена на децата, на нивните права, обврски, соништа и радости. Под мотото „ Детето денес – Иднината утре“ оваа недела ќе нѐ потсети дека децата се најголемото богатство и дека секое дете заслужува љубов, почит и можност да расте среќно и безгрижно.
Дел од од активностите кои ги опфативме оваа недела се:
– Презентација со правата и обврските на децата;
– Ликовна работилница на тема „ Моите права и обврски“
– Изработка на мото „ Детето денес – Иднината утре“
– Спортски игри во соработка со наставниците по Физичко и здравствено образование и
– Приредба посветена на приемот на првачињата во детската организација.
Со задоволство ви пренесуваме дел од атмосферата и енергијата која владееше меѓу нас.