Денес нашите најмали членови со гордост беа примени во Светската детска организација. Во ПОУ ,,Страшо Пинџур” — с. Дреново беше организирана приредба со неколку музички точки и рецитал, од учениците од 2. до 5. одделение, а учество земаа и учениците од 9. одделение со проза на истоимената тема: ,,Детето денес — иднината утре”.
Нека денешниот ден биде потсетник дека децата се нашата иднина и дека нивната искреност и добрина се најубавата инспирација за свет исполнет со мир и пријателство.