На 24 септември (среда) од 10:00 до 13:00 часот, на плоштадот во општина Кавадарци се одржа голема собирна акција за отпаден текстил и текстилен базар ! Имаше поставени контејнери од Еко Текст за одлагање на отпаден текстил, се собираа облека за донација, а учениците од основните училишта во општина Кавадарци, меѓу кои и нашето, имаа свои штандови каде беа изложени за продажба нивните креации од отпаден текстил. Средствата ќе бидат наменети за садници и пошумување.
Оваа активност е во рамките на проектот „Регионално партнерство за подобро спроведување на Зелена Агенда за Западен Балкан на локално ниво“, спроведуван од Центар за климатски промени/Center for Climate Change во соработка со повеќе партнерски организации, меѓу кои и здружението Креактив.