Во училишниот двор на ПОУ ,,Страшо Пинџур”, с. Дреново, беа спроведени спортски активности по повод одбележувањето на „Be Active Day“. Во активностите учествуваа сите ученици, кои преку игра, спорт и забава ја покажаа важноста на физичката активност.
