Денес учениците од ПОУ „Страшо Пинџур“, с. Дреново, го одбележаа Меѓународниот ден без автомобили.
Учениците учествуваа во пешачење низ селото, со што симболично ја испратија пораката за важноста на здравите навики и заштитата на животната средина.