Учениците од шесто до деветто одделение од ПОУ „Страшо Пинџур“ – с. Дреново организираа еко-акција за уредување и разубавување на училишниот двор. Во рамки на активноста, тие се вклучија со средување на тревнатите површини и собирање на отпадоците. Со заеднички труд, учениците придонесоа за почиста и поубава средина, покажувајќи ја својата еколошка свест и одговорност кон просторот во кој секојдневно престојуваат.