Денес учениците од прво до петто одделение од ПОУ „Страшо Пинџур“ – с. Дреново со голема посветеност го одбележаа Меѓународниот ден на мирот. Денот беше исполнет со креативност, убави мисли и симболични активности, преку кои учениците ја испратија својата порака дека мирот е најголемата вредност што треба да ја чуваме и негуваме.