Денес во нашето училиште во петтите одделенија се одржа едукативна работилница за преработка на отпаден текстил со учениците од 5-то одделение, во рамките на проектот „Регионално партнерство за подобро спроведување на Зелена Агенда за Западен Балкан на локално ниво“, спроведуван од Центарот за климатски промени – Гевгелија во соработка со повеќе партнерски организации, меѓу кои и здружението Креактив од Кавадарци, како и Општина Кавадарцо.
Оваа презентација им овозможи на учениците да стекнат практични вештини и знаења за повторна употреба на отпаден текстил преку изработка на креативни и корисни предмети. Подготвените дела ќе бидат изложени на настан (собирна акција-текстилен базар) кој ќе се одржи на 24.09.2025 (среда) на градскиот плоштад во Кавадарци со почеток во 10 часот, каде што Општината ќе има обезбедено посебен штанд за секое училиште.
Собраните средства од изложените креации ќе можете да ги намените за набавка на садници кои ќе се засадат на територијата на општина Кавадарци.