
Денес нашето училиште, заедно со подрачните училишта, повторно ги отвори своите врати за учениците.
Учениците од II до V одделение од ПОУ ,,Страшо Пинџур”, с.Дреново подготвија свечена приредба со песни и игри, со што го одбележавме почетокот на учебната година.
Особено топло добредојде им посакуваме на нашите првачиња, кои за првпат ги отворија страниците на училишната приказна и зачекорија во светот на знаењето. 



На сите ученици, наставници и родители им посакуваме успешна, креативна и среќна учебна година, исполнета со нови знаења, пријателства и убави мигови.