ГОЛЕМ УСПЕХ ЗА НАШЕТО УЧИЛИШТЕ!
Со голема гордост Ве информираме дека учениците од нашето училиште успешно учествуваа на општинскиот натпревар на Црвениот крст и го освоија ПРВОТО МЕСТО!
Нашиот тим покажа исклучителни знаења, вештини и тимска работа во областа на првата помош и хуманоста, докажувајќи дека младите хуманитарци се вистинска инспирација за сите нас.
Честитки до учениците и нивните ментори за посветеноста и трудот!
Им посакуваме уште многу успеси и нови предизвици!
Горди сме на вас!