Денеска во рамки на проектот „ГРАДЕЊЕ МОСТОВИ“ бевме на гости во партнер училиштето „Наим Фрашери“ КАВАДАРЦИ, каде во рамки на овој проект имавме низа активности во местото наречено „СУВА ВОДА“ каде продолживме со претходните активности во Музичко образование и физичко и здравствено образование. Им благодариме на наставничките Афердита Хода, Фетанете Адили, Фердане Велија, Блерта Амити, Зулихаре Осман, Линдихана Ебиби за традиционалните храна што ја подготвија. Особено им благодариме на сите наставници од училиштето и на сите ученици кои учествуваа во проектот што беа прекрасни домаќини и целата активност беше многу пријателски. Им благодариме за прекрасниот пречек.