10.10.2024 година- одбележување на детската недела под мотото ,,Безбеден чекор кон безбедно детство” и свечен прием на првачињата во детската организација
Денес ние вработените на првачињата им посакавме безгрижно, среќно и безбедно детство, заедно со останатите ученици и нивните прекрасни изведби. Сите ученици, заедно со првачињата под ова мото денес, детските права ги исплетија во венец од песни, стихови и ритмички игри. Со тоа им го честитаа приемот во детската организација, а првачињата со насмевки на своите лица дадоа ветување, со кое ќе продолжат понатаму во училишните клупи низ своето образование.