26-Септември Светски ден на чисти природи.
Учениците од V одделение овој ден го обележаа со низа активности:Сликаа на тема “Чисти планини”,изработија макета и засадија зимзелени дрвца во училишниот двор.
Целта на овие активности е да се развие свеста кај децата за зачувување на планините,бидејќи се значајни за одржување на животот на планетата,затоа што обезбедуваат кислород,вода за пиење,и претставуваат живеалишта за многубројни растителни и животински видови.