Интегриран ден со низа активности на учениците од 1А одделение: Денот без автомобили првачињата го одбележаа со прошетка низ и градот и посета на аптеката Зегин каде што децата беа топло пречекани од тимот на вработените. Имаа презентација на тема ,, За да бидеш здраво – оди, трчај, скокај и храни се здраво – ќе се развиваш право,, . Детските насмевки и испеаните песнички за добиените подароци беа најискрена благодарност за тимот на Зегин. Прошетката продолжи до паркот каде во знак на Меѓународниот ден на мирот дечињата пееја ги летаа хартиените гулаби – симбол на мирот, и цртаа.