ИЗВЕСТУВАЊЕ!
Почитувани родители и ученици приемот на првачињата ќе се изврши на 2.9.2024 година во 9:00 часот во училишниот двор. Учениците од II до IX одделение од 8 :00 часот
Драги ученици !
Септември е ден кога училишното ѕвонче ќе заѕвони и ќе ги рашири прегратките за своите ученици.
Првиот училишен ден е ден на надеж, ден за нови почетоци и нови очекувања.
По долгиот топол одмор ви посакуваме лесно да ги совладате новите предмети и да добиете нови знаења.
Ви посакуваме добро здравје, среќни и весели училишни денови исполнети со радост и многу стекнати знаења и вештини!
Среќна учебна година !