Денес во просториите на нашето училиште се одржа повторно презентација во делот на професионалната ориентација на учениците од деветтите одделенија, од страна на ЗШУЦ ,, Ѓорче Петров” Кавадарци. Учениците преку видеа и презентација беа запознати со условите на ова средно училиште, профилите кои ги нуди за уписи и поените кои се потребни за да се започне со образување на одредена струка/сектори. Исто така ги истакнаа и другите бенефити кои ги нуди училиштето во текот на годините и можностите за вклучување во различни проекти со разни држави. Учениците на отворениот ден во месец мај ќе имаат можност подетално да се информираат за сите можности и услови кои ги нуди ова училиште.