📚На овој ден кога оддаваме почит на македонскиот јазик се потсетуваме на Рацин и Конески, како и на сите нивни претходници и следбеници, дејци, основоположници на писмениот, литературен, стандарден македонски јазик.Во нивна чест денес во нашето училиште заедно со Општинскиот просветен инспектор Зорица Атанасова, директорката на училиштето Илинка Бакева како и педагошко-психолошката служба се одржа онлине работилница со учениците од 9а одд. и ментор Павлинка Костадинова. Се потсетивне на заслугите на македонските книжевници, академици, поети и писатели, историчари, филолози и јазичари, преведувачи, толкувачи, професори и хроничари на македонскиот јазик кои нè задолжија сите нас да го чуваме и шириме јазикот кој нè обединува и прави единствени.
📚Образованието на мајчин јазик и неговата употреба се најзначајните човекови права кои како столбови на идентитет на еден народ треба да се одржуваат и промовираат.
📚Затоа, да ги негуваме особеностите на македонскиот јазик и правилно да го употребуваме за да го зачуваме за идните генерации.