По повод одбележувањето 50 години организирано образование на деца со посебни потреби, имаме особена чест и задоволство да Ве поканиме да присуствувате на свечената манифестација која ќе се одржи на:
Во рамките на настанот ќе биде презентирана воспоставената традиција, развојот и достигнувањата во образованието и поддршката на децата со потешкотии во развојот, како и улогата на училиштата, стручните служби и заедницата во изминатите пет децении.
Вашето присуство ќе претставува поддршка и признание за континуираната заложба за инклузивно образование и развој.
Со почит,
Директорката: Илинка Бакева–Тасева