По повод 3 Декември – Меѓународниот ден на лицата со попреченост,
и во чест на 50 години посветена работа со ученици со попреченост во посебните паралелки,
Центарот за поддршка при ООУ „Страшо Пинџур“ – Кавадарци ја испраќа својата порака на хуманост и посветеност.
Овој ден е потсетник на љубовта, грижата и безусловната поддршка што секојдневно им ја подаруваме на нашите ученици.
Тоа е нашата сила, нашата верба и нашата заедничка радост.
Честит нека ни е празникот!
Нека хуманоста, силата и вербата во секое дете продолжат да нè водат.
















































