ООУ,,Страшо Пинџур,, Кавадарци, го одбележува Денот на македонскиот јазик и азбука – ден кога се потсетуваме на значењето, историјата и иднината на нашиот мајчин јазик.
На 5 мај 1945 година, Владата на Народна Република Македонија ја донесе одлуката со која се усвојува македонската азбука како официјална и стандардна, а подоцна истата година беше објавен и првиот македонски правопис.
Оваа одлука означи историски чекор за македонскиот народ – признавање на јазикот како посебен и рамноправен, со своја граматика, книжевност и културен идентитет.
Во текот на годините, македонскиот јазик се развиваше преку делата на Блаже Конески, Кочо Рацин, Анте Поповски, Славко Јаневски и многу други. Денес тој продолжува да живее преку новите генерации автори, ученици, наставници, и – преку секој еден од нас кој го зборува, чита и пишува.
По овој повод денес организиравме јавен час на кој.
Наставничката Павлинка Костадинова заедно со учениците од VIII одд беа во посета на градската библиотека Феткин.