25 март-Меѓународен ден на надарените и талентираните.
25 март-Меѓународен ден на надарените и талентираните.

Секое дете низ наставата има право да напредува толку колку што му овозможуваат неговите потенцијали.

Знаењата и вештините можат да се научат, но талентот ученикот го носи во себе, а наставникот преку својата работа треба да го препознае и мотивира неговиот индивидуален развој, како и да го подржи талентираниот ученик.

Работата со надарените деца, денес претставува важен сегмент во образовниот систем.

Наставникот ја има единствената можност да создаде услови потенцијално надареното дете да стане позитивен и полезен член на општеството…

За надарените ученици, креативен е оној наставник што има верба во младите луѓе и ги сака учениците, кој е љубезен, демократичен и полн со разбирање…