Денес со учениците од петто одделение ПОУ Страшо Пинџур с. Возарци го одбележавме „23 Април – Светски ден на книгата и авторското право“. Учениците изработија постер со пораки за книгата како најверен пријател, книгата како свет во кој секогаш има место за нова авантура.
Преку нашиот постер сакаме да ги охрабриме сите, а особено младите да го пронајдат задоволството во читањето книги.
Среќен Светски ден на книгата, секој ден нека биде Ден на книгата!